Германскиот фудбалер Месут Озил се најде во центарот на скандалот по „бомбите“ на Флорентино Перез. Претседателот на Реал Мадрид е главна тема во Шпанија поради изјавите што се појавуваат во медиумите, а се добиени како аудио бомби.
По коментарите на адреса на Кристијано Роналдо и на Жозе Мурињо, а претходно и на Икер Касилјас и на Раул Гонзалес, се појавија и изјави поврзани со Месут Озил.
„Озил се вљуби во модел од Милано. Мурињо му рече – Целиот тим на Милан, целиот тим на Интер и целиот стручен штаб спиеја со твојата девојка. Мислам дека Озил раскина со неа по таа изјава“, изјави Перез.
Според тамошните медиуми, наводно станува збор за манекенката Аида Јеспика, која пред неколку години призна дека имала врска со Озил.
„Се сретнавме во Мадрид, разменивме телефонски броеви и еден ден тој ми се јави и ми рече дека е во Милано. Излеговме на вечера без да се криеме. Не знам дали изнајмил приватен авион за да ме види. Поминавме прекрасна ноќ, се забавувавме и повеќе никогаш не се видовме. Сепак, имаше само флерт меѓу нас. На крајот на краиштата, тој е помлад и понизок од мене“, изјави тогаш Аида Јеспика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













