
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, призна дека не е оптимист за ѕвездата на тимот Пауло Дибала и неговиот настап во финалето на Лига Европа против Севилја во Будимпешта.
„Доколку Пауло може да биде на клупата и да ни помогне 15-20 минути, јас ќе бидам среќен. Вистината е она што го видовте денес – состав кој тренира напорно. Спинацола и Карсдорп тренираат според индивидуална програма, а Дибала е во медицинскиот центар“, изјави португалскиот стратег.
„Сакавме да го искористиме и да го подготвиме за финалето. Мислев дека може да игра малку против Салернитана како и против Болоња, но тоа не се случи. Вистината е дека тој е надвор од тимот, нема да игра и в сабота“, објасни Мурињо за отсуството на Дибала и на гостувањето кај Фиорентина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal