Баерн Минхен ги исклучил Антонио Конте и Жозе Мурињо од листата на кандидати за тренерската позиција. Баварците се насочуваат кон други опции за наследник на Томас Тухел.
Меѓу последните кандидати за функцијата е поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, кој во моментот е селектор на Австрија.
Тој е меѓу алтернативите за Шпанецот Чаби Алонсо, кој успешно го води Баер Леверкузен и е на пат да ги предводи „аспирините“ до историска титула во Бундес-лигата.
Германските медиуми најавуваат дека Чаби Алонсо и следната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен, што го наведува гигантот од Минхен да размислува за други алтернативи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













