Жозе Мурињо и Фенербахче потклекнаа во обидот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Турскиот тим се сопна на претпоследниот чекор и е елиминиран од францускиот Лил.
Фенербахче победи со 1-0 на реваншот, откако постигна гол во 93.минута, ја анулира негативата (1-2) од првиот меч во Франција, но Лил погоди во продолженијата и израмни на 1-1, што беше пресудно за пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ.
Бодо/Глимт немаше проблеми со Јегиелонија и победи со 4-1, а Карабах по продолженија славеше против Лудогорец со убедливи 2-7.
Славија Прага на реваншот во Белгија славеше против Унион Сен Жил со 0-1 и го потврди пласманот понатаму, а исто така и Спарта Прага беше успешна откако го совлада тимот на ФЦСБ со 2-3.
Динамо Киев го победи Ренџерс во Глазгов со 0-2 и обезбеди пласман во плејофот за ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













