Работнички стигна до првата победа на пријателските натпревари ова лето откако го совлада второлигашот Тетекс со 4-1. „Текстилците“ поведоа со голот на Дарио Јовановски во 16.минута, а „романтичарите“ додадоа гас во вториот дел и постигнаа четири гола. Стрелци за тимот на Љупчо Марковски беа Филип Бошковски, Димитар Тодоровски, Мухамед Елмас и Александар Богдановски.
Посебно импресиониораа младите сили на Работнички, офанзивците Мухамед Елмас и Никола Манојлов. Првиот постигна одличен погодок во 81.минута. Тој е голем талент, младински репрезентативец до 19 години, а за него силно заинтересиран е белгискиот прволигаш Генк.

Никола Манојлов е исто така огромен талент, брз и експлозивен фудбалер кој може да игра на сите позиции во навалната линија. Со 16 години тој веќе дебитираше за сениорскиот тим на крајот од минатата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













