Connect with us

Му пропадна трансферот во Челси, но Саму Омородион потпиша за Порто

Саму Омородион е нов член на Порто. Напаѓачот на Атлетико Мадрид беше на чекор од трансфер во Челси, дури и замина на лекарски прегледи во Лондон, но не се реализира последната фаза од преговорите и се врати во Шпанија.

Омородион беше поврзуван со многу клубови, вклучувајќи ја и Астон Вила, но Порто беше најбрз во завршувањето на трансферот.

Деталите од договорот помеѓу Порто и Атлетико Мадрид се интересни.

Порто плати 15 милиони евра за 50% од договорот, додека другата половина останува на Атлетико.


Порто може да купи дополнителни 15% за 5 милиони евра во 2025 година, како и уште 15% за нови 5 милиони евра во 2026 година.


Договорот е потпишан до 2029 година, а откупната клаузула е поставена на 100 милиони евра.


Преговорите ги водеше претседателот на Порто, Андре Вилјаш-Боаш, а нема сомнеж дека ова е одлична зделка за Порто, особено ако се земе предвид дека Челси беше подготвен да плати 40 милиони евра за играчот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови