Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, изрази задоволство по победата од 0-2 против Удинезе, потенцирајќи дека успехот бил заслужен, имајќи го предвид настапот на тимот од Торино низ целиот натпревар.
„Ова беше тимска победа и добро ја прочитавме играта. Можевме да бидеме уште подобри во првото полувреме, бидејќи Удинезе ни дозволи да ја градиме нашата игра. Имавме неколку интересни ситуации, но ни недостасуваше малку длабочина. По паузата, Удинезе излезе посигурен и се реорганизираше. Се бранеа и напаѓаа добро со контранапади. Но, ние ја заслуживме победата низ сите 95 минути. Кефрен Турам? Ми се допадна неговата игра, која беше комплетна. Беше внимателен во одбраната и покажа многу квалитет во нападот. Тој е интересна личност, но нашата целокупна изведба беше одлична“, изјави Мота по натпреварот.
„Имаме различни играчи и секогаш е важно да имаме разновидност во играта. Од Удинезе не нападнаа со многу играчи, па беше нормално да се отворат малку во одбраната, но ние го имаме брзите Кенан Јилдиз и Тун Копмајнерс, кои создаваа притисок на одбраната. Кога ќе дојде моментот, ќе направиме тоа што е најдобро за тимот. Сега треба да уживаме во победата и да се опоравиме, бидејќи нѐ очекува натпревар од Лигата на шампионите во вторник. Ќе биде интересен дуел со Лил, кој има еден ден повеќе за одмор“, додаде Мота.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski