
Монца успеа да направи сензација и го совлада Јувентус со 1-0. Тоа е прва победа во клупската историја за Монца во Серија А, а прв пораз на Јуве оваа сезона. Но, тимот на Масимилијано Алегри игра далеку под очекувањата.
Анхел Ди Марија кон крајот на првото полувреме доби црвен картон поради удирање противнички фудбалер, а Момца тоа знаеше да го искористи. Гиткјер во 74.минута донесе водство и на крајот сензационален триумф.
Лацио со 0-4 го декласира Кремонезе. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а погодија и Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Педро.
Фиорентина со 2-0 ја победи Верона. Иконе и Нико Гонзалес беа стрелци за „виолетовите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
