
Македонскиот интернационалец Даниел Мојсов од следната сезона нема да биде дел од АЕК Ларнака. Тој по пет години заминува од кипарскиот прволигаш и ќе бара нова фудбалска средина. Поранешниот репрезентативец се разделува со тимот каде забележа 146 настапи.
„Клубот искажува максимална почит за Даниел Мојсов, му посакуваме се најдобро во продолжението од кариерата“, истакнуваат од АЕК Ларнака.
33-годишниот дефанзивец цели пет и пол сезони заминува од АЕК Ларнака забележа 105 настапи во кипарскиот шампионат, 15 во Купот на Кипар, еден во Суперкупот и 25 во Европа, а постигна пет гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal