Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, изјави дека неговиот тим не очекувал висок пораз во финалето на шпанскиот Суперкуп, но призна дека Барселона заслужено победила со 5-2.
Барселона, по рекорден 15-ти пат го освои шпанскиот Суперкуп, победувајќи го најголемиот ривал во финалето кое се играше во Џеда. Ова е првпат во историјата на Ел Класико, Барселона да постигне најмалку четири гола на два последовни натпревари, по неодамнешната победа од 4-0 во првенството.
„Не очекувавме вака да загубиме, но тоа е фудбалот. Убеден сум дека ќе знаеме како да реагираме по овој тежок пораз“, изјави 39-годишниот Модриќ, додавајќи дека му е жал за навивачите, но и дека играчите се тажни.
„Мораме да останеме обединети затоа што сезоната е долга“, изјави капитенот на „кралскиот клуб“.
Модриќ, кој со 28 освоени трофеи е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, го освои својот прв трофеј во 2012 година токму во финалето на шпанскиот Суперкуп со победа над Барселона. Минатата година Реал ги победи Каталонците со 4:1 во финалето на ова натпреварување, но синоќа Барселона убедливо славеше.
„Таков е фудбалот. Фудбалот е комбинација од победи и порази. Сега изгубивме и тоа е тоа. Не можеш секогаш да победуваш“, додаде Модриќ.
„Ако веќе треба да изгубиме трофеј во некое натпреварување, тогаш подобро е тоа да биде во Суперкупот, иако никогаш не е лесно да се изгуби од најголемиот ривал. Треба да ѝ честитаме на Барселона затоа што одигра одличен натпревар и беше подобра. Ние треба да продолжиме да работиме и да ги исправиме грешките“, заклучи тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal