Kапитенот на Хрватска, Лука Модриќ потврди дека ќе игра за навионалниот тим и во Лигата на нации, каде Хрватите се пласираа во нокаут фазата. По успехот над Мароко и освоеното трето место на Светското првенство, тој сака да игра најмалку уште до крајот на изданието од ЛН.
„Планот е да останам и за Лигата на нации. Кога веќе дојдовме до финалето, учествував во сите тие натпревари, би било бесмислено да не ги одработам и тие натпревари, а потоа ќе видиме. Драго ми е дека и во Катар покажавме дека имаме квалитет. Овој турнир и на помладите ќе им помогне уште повеќе да напредуваат и како играчи и како луѓе. На мене ми требаа цели 12 години да освојам медал, некои тука се првпат и веднаш освоија медал“, изјави Лука Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













