Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на одличен начин ги стартуваше новите квалификации. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски славеа на гости против Шведска со 0-1 и на најдобар начин го честитаа 8 Септември, Денот на независноста, на нашите граѓани.
Иван Николов беше стрелец на победничкиот гол за Македонија во седмата минута.
По еден продор по десната страна, тој шутираше, топката се одби од дирекот, а потоа Иван Николов имаше одлична реакција и со удар со глава ја внесе одбиената топка во мрежата.

Во продолжение од мечот, македонските фудбалери знаеја како да се одбранат, иако Шведска имаше иницијатива и сакаше да израмни. Херој беше голманот Марко Алчевски кој имаше неколку извонредни интервенции во судиското продолжение од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













