Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година речиси во исто време (18.30 часот) кога сениорите ќе се борат за ЕП против Грузија, во Нетања ќе го играат квалификацискиот меч против Израел, претпоследен од овој циклус. Само две победи ја оставаат Македонија во теоретска игра за пласман на големиот
собир.
Но, за избраниците на Благоја Милевски најважно е да остварат победа против Израелците, нешто што го пропуштија на првиот меч во Скопје кога дуелот заврши 1-1.
Баз капитенот Агрон Руфати кој недостасува поради повреда, младите „црвено-жолти“ сили ќе атакуваат на триумф против Израел.
„Ние секогаш излегуваме на терен за да го дадеме најдоброто и да победиме . Верувам дека сега ќе бидеме многу подобри отколку на првиот натпревар и дека ќе успееме да стигнееме до победа“, изјави Јани Атанасов.
Последниот дуел од циклусот младата репрезентација на Македонија ќе го одигра на 17 ноември против Црна Гора во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













