
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (15 часот) во Класвик го игра третиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 кое ќе се одржи во Романија и Грузија. Противник е селекцијата на Фарските Острови.
За првпат во овој циклус, тимот што го предводи Драги Канатларовски е фаворит, но ќе треба тоа да го оправда и на теренот. Евидентно е дека ќе треба да се направат некои промени во средниот ред, можеби и во нападот, со оглед дека Македонија по две кола се уште нема постигнато погодок.
„Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме дуелот. Имавме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Одиме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода. Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, посебно кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода“, изјави Али Адем во пресрет на денешниот натпревар.
Во групата Х, денеска и Ерменија ја пречекува Србија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Луис Суарез доби девет меча суспензија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
