Младата репрезентација на Македонија со фудбалери до 18 години го загуби првиот од двата дуели со селекцијата на Србија (0-1), што денеска се одигра на теренот на тренинг-комплексот „Петар Милошевски“.
Милан Кременовиќ во второто полувреме, го постигна погодок за победа на гостинската репрезентација во 55. минута, откако ја искористи слабата реакција на нашите дефанзивци по еден центаршут во шеснаесетникот на голманот Китановски. Македонија најубавата шанса ја пропушто преку Дамјан Трајановски во 85. минута, кога добрата интервенција на голманот спречи израмнување на 1:1.
Вториот меч меѓу селекциите на Македонија и Србија до 18 години ќе се одигра в четврток, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 11:00 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













