Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (13 часот) ја пречекува селекцијата на Украина во квалификациите за ЕП 2023.
Фудбалерот од средниот ред на Жилина, Енис Фазлагиќ, верува дека со добра игра и пожртвуваност пред домашната публика, Македонија може да оствари позитивен резултат.

„Не очекува тежок натпревар против Украина. Ривалот е квалитетна селекција која се наоѓа во одлична форма и игра многу добро во овие квалификации. Имаат одлични индивидуалци, но и колективно се многу добри. Но, ние сме подготвени и ќе дадеме сѐ од себе. Се надевам дека ќе успееме да освоиме три бода од овој дуел. Одиме чекор по чекор, после овој меч ќе мислиме на Франција“, вели Фазлагиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Украина е закажан за 13 часот на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













