Connect with us

Младиот Фати останува во Барселона до 2026 година

Барселона има во план да му понуди нов договор на Ансу Фати со кој ќе го задржи во клубот до летото 2026 година, соопшти каталонскиот весник “Мундо Депортиво”. Во Барса го ценат младиот напаѓач и сакаат да го задржат уште долго, па поради тоа, во новиот договор ќе биде вметнета и откупна клаузула од 400 милиони евра.

Тимот од „Камп Ноу” веќе постигнал договор за продолжување од две години, но сепак, има намера да му понуди долгорочен договор.

Ансу оваа сезона се мачи со постојани повреди на коленото што го оддалечи од терените од февруари. Но, и покрај тоа што пропушти 37 натпревари во дресот на “блауграна” оваа сезона, Фати постигна пет гола на десетте натпревари што успеа да ги одигра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови