
Младинската репрезентација на Македонија прокнижи нови бодови во квалификациите за ЕП 2021 откако на гостински терен ги совлада Фарските Острови со 1-2. Откако овој ривал беше декласиран со 7-1 во Скопје, дуелот во Торшавн се покажа како посериозен предизвик, но нашите фудбалери имаа целосна контрола над резултатот и сосема заслужено стигнаа до цел плен со кој се искачија на второто место на табелата.
Македонија тргна офанзивно од самиот почеток, селејќи ја играта пред домашниот шеснаесетник. Ваквиот пристап вроди со плод уште во раната фаза од мечот, па Ристовски го отвори резултат веќе во 15. минута со прецизен удар со левата нога. Нашите младинци беа подобар ривал и до крајот на полувремето, но не успеаја да ја крунисаат иницијативата со втор гол во овој дел од мечот.
Домаќините заиграа подобро во вториот дел, воспоставувајќи контрола на средината од теренот. Сепак, Македонија успеа да стигне до водство од 0-2, откако „резервистот“ Ацковски најдобро се снајде по една грешка на голманот на Фарските Острови, погодувајќи за печат на победата. Домаќините до крајот успеаја само да го ублажат поразот преку Кнудсен во 84. минута.
Македонија со оваа победа скокна на второто место на табелата со десет освоени бода. Патот до ЕП 2021 сепак нема да биде нималку лесен ако се знае дека билет за европскиот шампионат обезбедуваат деветте победници во групите и петте најдобри второпласирани селекции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Панатинаикос

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг
