По првата победа на репрезентација на Македонија до 21 година на квалификациите за Европското првенство против Ерменија (2-1), дефанзивецот Марио Младеновски најави дека следните натпревари ќе бидат многу потешки, но и изражи жалење за пропуштените три бода против Фарските Острови.
“Одигравме два тешки гостински натпревари. Имаме еден нерешен и една победа. Сите играчи добивме шанса и го дадовме максумумот. На двете средби бевме фаворити, но среќата не беше на наша страна во првиот дуел со Фарски Острови и жалиме за тоа.
“Затоа, во вториот дуел со Ерменија бевме совршени и заслужено дојдовме до победа. Не очекуваат уште тешки натпревари до крајот на квалификациите во кои ќе се стремиме кон победа и како и секогаш ќе играме максимално ангажирано во дресот со државниот грб“, вели Младеновски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













