Шкупи е последниот полуфиналист во Купот на Македонија. Тимот од Чаир им се придружи на Македонија ЃП, Воска и на Тиквеш меѓу четирите најдобри во најмасовното натпреварување.
Шкупи славеше против Работнички со 0-1 на денешниот дуел на теренот на ФФМ.
Марио Младеновски беше човекот на одлука, откако го постигна победничкиот гол во 15.минута. По корнерот од левата страна, Младеновски со удар со глава ја затресе мрежата на Алексовски.
Шкупи имаше уште неколку изгледни шанси во првото полувреме, не реализираа Кука и Воша.
Во вториот дел Работнички се обиде да стигне до израмнување, но не успеа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













