
Младата репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа од 3-1 против соодветната селекција на Албанија во првиот натпревар од силниот меѓународен турнир што се одржува во Свети Мартин на Мура.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме. Марио Илиевски одигра фантастичен меч и беше стрелец на два гола за нашата селекција.
Во 10. минута со голот на Берат Калкан, Македонија поведе со 1-0. Противникот успеа да се врати во игра и во 31. минута од средбата преку Шпенди успеа да го израмни резултатот. Нашите млади фудбалери преку Марио Илиевски ја имаа најзрелата шанса во првото полувреме.
Во продолжението, Марио Илиевски постигна погодок во 47. минута, откако претходно беше извонредно проигран од Лука Станковски. Истиот играч во 55. минута, со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3-1. Луан Абази пропушти добра можност за зголемување на предноста на Македонија.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 26. септември ќе го одигра вториот натпревар на турнирот против селекцијата на Саудиска Арабија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
