
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски фаќа вистински ритам на крајот од сезоната во Хрватска. Во 32. коло од ХНЛ, тој со два гола донесе голема победа за Вараждин над Локомотива Загреб (2-1).
Иако гостите први се радуваа – Мудражија во 30. минута погоди од белата точка – шоуто вистински почна дури во второто полувреме. Митровски прво маестрално погоди директно од слободен удар од 25 метри – топката удри од стативата и заврши во мрежата, по што следеше експлозија од радост на трибините.
Но, тука не застана. Во 83. минута, откако Маглица му ја сервираше топката на пеналтикот, Митровски со елегантен прием ги испрати чуварите на другата страна и ладнокрвно реализираше за целосен пресврт – 2:1 за Вараждин!
Со овие два гола, Митровски стигна до седум гола сезонава во ХНЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
