
Борусија Дортмунд дојде до триумф (2-4) на гости против Фрајбург со пресврт во второто полувреме. „Милионерите“ поведоа преку Хумелс, но до полувремето домаќинот направи пресврт преку Холер и Хофлер, за 2-1 на одморот.
Сепак, во вториот дел, Мален од пенал во 60. минута израмни на 2-2, а Матс Хумелс во 88.минута погоди за 2-3. Точка на победата стави Марко Ројс.
Лајпциг на домашен терен ја оправда фаворитската улога со Аусбург и славеше со 3-0. Сите три гола паднаа во првите 45 минути, а стрелаа Чави Симонс, Лоис Опенда и Давид Раум.
Волфсбург на домашен терен беше подобар од Унион Берлин со 2-1, Штутгарт победи кај Мајнц (2-1), додека Хофенхајм ги освои трите бода на гостински терен кај Келн (1-3).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
