
Макфудбал во Вадуц,
Фудбалската репрезентација на Македонија со триумф (0-3) против Лихтенштајн во Вадуц го отвори новиот квалификациски циклус за СП 2026. Доминација на терен, три гола за потврда на поголемата класа и оддадена почит на настраданите во огромната трагедија во Кочани.
Селекторот Благоја Милевски е задоволен од триумфот и по кусата анализа вели дека сега мислите веднаш се насочуваат кон дуелот против Велс во Скопје во вторник.
„Честитките за моите фудбалери поради околностите и трагедијата во Кочани што смогнаа сили да го изнесат натпреварот на најдобар можен начин. Очекувавме Лихтенштајн да биде дефанзивен и компактен, ги анализиравме, максимално се подготвивме и физички и тактички и ментално. Важни ни беа трите бода, но и менталната подготвеност, сега се фокусираме на мечот со Велс, веднаш размислуваме за следниот натпревар. Тоа е веројатно најтешкиот натпревар, и поради силата на противникот, и поради ситуацијата. Имаме интересна група, секоја селекција има свои шанси да напредува. Дуелот со Велс ќе биде сосема поинаков и верувам дека ќе одговориме и физички и психички“, изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Барселона подготвува нов договор за Рафиња

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез
