МАКФУДБАЛ во Рига
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе се соочи со Летонија во Рига на третата средба од Лигата на нации, со почеток во 18 часот. По нерешениот исход против Фарски Острови и победата над Ерменија, целта е да се задржи лидерската позиција во групата и да се заврши овој циклус со максимални шест бодови.
Селекторот Благоја Милевски е оптимист и смета дека репрезентацијата има доволно квалитет за да извојува победа на овој натпревар, и покрај отсуството на неколку клучни играчи.
„Летонија има наш голем респект, но нашето внимание е насочено кон нашата игра. Верувам дека Македонија ќе биде таа што ќе го диктира темпото во групата и ќе ја задржи првата позиција. Иако ќе ни недостасуваат играчи како Зајков и Серафимов во одбраната, како и Трајковски и Чурлинов во офанзивата, верувам дека сите кои ќе добијат шанса ќе ја искористат на најдобар можен начин“, изјави Милевски на прес-конференцијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













