Селекторот на Македонија, Боби Милевски останува оптимист за понеделничничкио квалификациски натпревар за Светското првенство против големата Германија. Големиот фаворит, екипата под водство на Ханси Флик, е и лидер на табелата во групата Ј со 18 бода, а потоа следат Македонија и Ерменија со 12 бода.
“Фудбалот не би бил она што е ако фаворитот победува на секој натпревар. Не гледам причина зошто да не влеземе во овој натпревар со амбиции да оствариме добар резултат.
“Изминатите натпревари на Германија јасно докажаа дека начинот на кој работи нивниот персонал е тотално различен од порано. Сега тимот е поагресивен, со многу повеќе самодосциплина на теренот. Германците имаат доста фудбалери кои се на највисок потенцијален фудбалски степен.
“Мислам дека сè е отворено во нашата група и секој може да победи секого. Чувствувам дека освојувачот на второто место нема да биде познат до последното коло.”
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski