
Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, почнува со селектирањето на новата генерација надежи која ќе настапува во следниот циклус квалификации. Прв филтер ќе биде турнирот во Анталија што ќе се одржи од 24 до 29 март, каде Македонија ќе игра против Казахстан, Словачка и против Бугарија.
“Почнуваме со изградба на новата селекција, дел од носителите на тимот играа и во минатите квалификации, Чурлинов, Фазлагиќ, Антовски, Гроздановски, Давид Тошевски, Ѓорѓиевски…другите треба да се докажат и да добијат своја шанса. Квалификациите почнуваат во септември, но верувам дека овој филтер е многу важен за изгледот на селекцијата. Верувам дека ќе успееме да склопиме повторно квалитетен и конкурентен национален тим до 21 година”, вели селекторот Милевски.
Македонија на 24 март на турнирот во Анталија ќе игра против Казахстан, три дена подоцна против Словачка и на 29 март против Бугарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
