Фудбалската репрезентација на Македонија утре (15 часот) во Струмица игра пријателски натпревар против селекцијата на Ерменија. По поразот од Украина на квалификацискиот меч во Прага, избраниците на селекторот Благоја Милевски посакуваат да остварат позитивен резултат против Ерменците.
„Нѐ очекува пријателски натпревар против Ерменија, селекција која несомнено поседува квалитет. Знаеме дека не очекува тежок дуел, но се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар. Поразот од Украина го оставаме зад нас, ќе извлечеме одредени поуки и ќе се фокусираме на тоа што ни претстои. За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата.
После исцрпувачкиот меч во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне.
Контролниот меч против Ерменија која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите.
Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија”, изјави Благоја Милевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра, со почеток во 15 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица. Билетите за натпреварот се продаваат по цена од 200 денари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski