Дивок Ориги ќе биде првото засилување за нападот на Милан ова лето, а ќе пристигне како слободен играч од Ливерпул. Сепак, Белгиецот не исклучува доаѓање на уште еден напаѓач. Всушност, „росонерите“ планираат понуда за Џанлука Скамака, тврди „Газета дело Спорт“.
Тој постигна 16 гола во Серија А за Сасуоло и доби место меѓу стартерите во обновената репрезентација на Италија, предводена од Роберто Манчини.
Планот на Милан е да ги привлече Дивок Ориги и Ренато Санчез, а потоа приоритет во изборот ќе биде Скамака.
Сасуоло бара голема отштета, но Паоло Малдини ќе се обиде да ја намали цената со неколку млади фудбалери кои би се упатиле во спротивна насока.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













