
МАКФУДБАЛ во Палермо,
Уште не ни е до крај јасно што направивме вели Милан Ристовски на ден по големата победа над Италија и пласманот во финалето од баражот за место на Светското првенство.
„Уште сме во шок. Во еден момент сме свесни, во еден не сме свесни што направивме вчера. Остваривме неверојатен резултат, среќни сме што победивме таква репрезентација како што е Италија и сега ништо не ни останува освен да продолжиме по овој пат. Знаевме дека Италија поседува голем квалитет, меѓутоа верувамве во себе од прва до последна минута, дадовме сè од себе и Господ нè награди. Сега сме на 90 минути од пласман на најголемото натпреварување во светот“ – вели Ристовски.
Македонија ја чека пресметка со уште една голема репрезентација.
„И Португалија има големо ѕвезди како Италија, но нам ни останува повторно да дадеме сè од себе и да веруваме како што верувавме досега. Се надевам на добар резултат во Порто и пак да ја израдуваме Македонија“ – порачува Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
