
Младиот талент на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, има сè повеќе обожаватели. 19-годишниот фудбалер се претстави извонредно со селекцијата на Турција за време на ЕВРО 2024 и тоа го привлече вниманието на европските гиганти, кои веќе се борат за неговиот потпис. Првите два од нив се Милан и Бајер Леверкузен, открива каталонски „Спорт“.
И покрај очигледниот талент, Ѓулер тешко ќе може да смета на многу минути игра во Реал Мадрид во новата сезона, особено по доаѓањето на Килијан Мбапе и Ендрик во клубот. Затоа нема да биде изненадување ако „кралскиот клуб“ се согласи да го пушти на позајмица во друг тим за една сезона, каде што би можел да стекне повеќе искуство.
Во Милан и Баер Леверкузен внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да дадат понуди за овој играч. И двата клуба сакаат да го засилат својот напад за претстојната сезона и се надеваат дека ќе успеат да го доведат младиот Турчин во своите редови.
Арда Ѓулер беше донесен на „Сантијаго Бернабеу“ од Фенербахче минатото лето за 20 милиони евра, но во моментов неговата цена се удвои. Во првата сезона за Реал Мадрид одигра 12 натпревари, во кои постигна шест гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
