Најтрофејниот македонски клуб Вардар започна со нови засилувања по завршувањето на првиот дел од сезоната во Првата лига, кој не мина резултатски успешно за „црвено-црните“.
Првото засилување доаѓа од Шкупи. Тоа е 30-годишниот словачки интернационалец Михал Пинтер, кој игра на централната дефанзивна позиција и досега има одиграно 42 натпревари во ПМФЛ. Пинтер претходно има настапувано и за екипите на Татран и за Вион Злате Моравче, а бил дел од сите младински селекции на Словачка.
Вардар се очекува да доведе и нов голман, а преговара со Давор Талевски од Шкендија и со репрезентативецот Дени Илиев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













