Ја почна сезоната на клупата на Вардар, но брзо откако си замина се нафати на нов предизвик и Горазд Михајлов е веќе на кормилото на Брера. Дебито беше успешно, ја победи Беса со 3-2, а утре струмичкиот тим гостува во Скопје и ќе ги одмери силите со Работнички.
„Нѐ очекува тежок натпревар меѓу екипи кои во минатото имаа што да кажат во македонскиот шампионат. Работнички има квалитетна и добро вкомпонирана екипа која ќе атакува на трите бода, тие се на врвот на табелата. Секако, и ние нема да одиме со бело знаменце во Скопје туку ќе одиме да се надигруваме и секако дека и ние ги посакуваме тие три бода. Ме радува тоа што сите играчи се во добра форма, немаме некои проблеми со повреди и верувам дека секој играч што ќе излезе на Арената ќе го даде својот максимум и дека ќе се прикажеме во добро светло“, изјави тренерот на Брера, Горазд Михајлов.
Брера по првите пет кола има ефект од две победи и три порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













