Connect with us

Месут Озил стави крај на кариерата

Месут Озил (34) објави крај на играчката кариера. Поранешниот германски репрезентативец изјави дека честите повреди се причината поради која престанува да игра фудбал. Негов последен клуб е Истанбул Башакшехир, за кој сезонава настапуваше само седум пати поради споменатите повреди.

Озил кариерата ја започна во Шалке, од кој премина во Вердер Бремен. Откако се истакна со одличните настапи на Светското првенство во 2010 година, тој направи трансфер во Реал Мадрид, каде што помина три сезони. Потоа се пресели во Арсенал за 47 милиони евра, а таму остана до 2021 година. Играше и за Фенербахче и споменатиот Башакшехир.

Во својата клупска кариера забележа вкупно 598 настапи и постигна 98 голови, додека за Германија постигна 23 гола на 92 натпревари. Со репрезентацијата стана светски шампион во 2014 година.

Од неговите индивидуални достигнувања, вреди да се спомене дека пет пати беше прогласуван за најдобар германски играч на годината, а двапати беше вклучен во најдобрите 11 по избор на УЕФА. Во сезоната 2015/2016. беше најдобар асистент во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови