
Аргентинскиот генијалец Лионел Меси го урна рекордот на Пеле за најмногу постигнати голови (644) во дресот на еден клуб, а сите погодоци ги прославува на идентичен начин, со поглед кон небото посветувајќи ги на неговата баба Селија. Таа, како што вели Меси, е најзаслужна што го засакал фудбалот. На Божиќ, се потсети на детството и својот прв натпревар.
„Бев многу малечок по раст и тренерот не ме пушташе да играм. Сите играа во локалниот клуб, мојот брат, братучедите, но јас не. Кога едно дете се удри и не можеше да продолжи, баба ми му рече на тренерот, пуштете го малку Лео да поигра. Тренерот не сакаше, велеше дека сум многу мал за да играм фудбал, но баба ми инсистираше. Тогаш првпат заиграв фудбал за еден тим. Не се сеќавам најдобро, но баба ми ми раскажа дека сум постигнал два гола“, вели Лионел Меси.
Неговата баба Селија Оливера Кучитини почина во 1998 година, кога Меси имаше 11 години, никогаш не ја преболе.
„Потоа на секој натпревар зборуваше гласно. Сега Лео ќе ви покаже како се игра фудбал. Тоа ми даваше голема самодоверба. Ми недостига да види до каде стигнав затоа што таа ми го покажа патот“, раскажува аргентинскиот ас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
