Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси утре ќе одржи прес – конференција на „Камп Ноу“ на која ќе се збогува со фановите на Барселона и со сите со кои соработуваше во изминатите две децении во каталонскиот гигант. Поради одлуката на Ла Лига, тој ќе мора да ја напушти Барселона затоа што клубот е во незавидна финансиска состојба и не може да го регистрира Аргентинецот за следната сезона.
Буџетот на Барселона е преоптоварен, а Лионел Меси заминува во Пари Сен Жермен. Утре најверојатно ќе ги разјасни и сите детали се случуваа во изминатите две дена, кога излезе на виделина целиот хаос во редовите на Барса. Можеби ќе има коментар и за ставот на претседателот на клубот, Хоан Лапорта, кој истакна дека Барселона ќе се соочела со банкрот доколку го склучела договорот со Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













