Connect with us

Меси со нови два гола во дресот на Интер Мајами (ВИДЕО)

Лионел Меси постигна два нови гола, а Интер Мајами го победи Орландо Сити со 3-1 во мечот од Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС лигата и од мексиканското првенство. Со нови два гола, Аргентинецот стигна до својот петти гол во третиот натпревар за својот нов клуб, а неговиот тим се пласираше во осминафиналето на натпреварувањето.


Меси постигна гол во седмата минута откако со гради го реши додавањето на Роберт Тејлор и ја заби топката во мрежата. Во 72. минута следуваше и негов втор гол со кој ги постави конечните 3-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови