
Аргентина и Австралија вечерва ќе се сретнат во осминафиналето на СП 2022, а за Лионел Меси тоа ќе биде можност да прослави и голем јубилеј. Тој ќе ја предводи селекцијата на својот официјален натпревар број 1000 во кариерата. Оваа импресивна бројка е постигната со екипите на Барселона и на ПСЖ и националниот тим на Аргентина.
Единствениот Аргентинец кој може да се пофали со вакво достигнување е Хавиер Занети, кој има 1.114 натпревари во кариерата.
Аргентинците се меѓу големите фаворити за титулата во Катар. „Албиселесте“ не станале шампиони од 1986 година и сите чекаат Лео Меси да го одведе тимот до првото место на СП во Катар. Од друга страна, Австралија е меѓу пријатните изненадувања на овој Мундијал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
