Connect with us

Меси одлучил да се врати на „Камп Ноу“, но Барселона не може тоа финансиски да го изведе

По освојувањето на Светското првенство со Аргентина, Лионел Меси сега треба да донесе важна одлука за својата иднина. На 35-годишниот напаѓач му истекува договорот со Пари Сен Жермен и тој има неколку опции пред себе.


Едно е сигурно, Меси сигурно ќе ја продолжи кариерата во Европа и нема да прифаќа понуди од Блискиот Исток, открива „Спорт“. Сѐ поблиску е и до заминување од Париз, а негова голема желба е да се врати во Барселона. Наводно тоа го одлучил овој викенд, откако доби свирежи од навивачите на ПСЖ, кои го обвинија дека е еден од главните виновници за неуспехот на тимот во Лигата на шампионите оваа сезона.

Сепак, голем проблем за неговото враќање на „Камп Ноу“ е финансиската ситуација во која се наоѓа Барселона. Каталонскиот гигант треба да изнајде 200 милиони евра за да го задоволи финансискиот фер-плеј, а евентуалниот ангажман на Лионел Меси засега изгледа невозможен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови