Лионел Меси не ја доби наградата за најдобар фудбалер во Ла Лига за 2020 година, таа замина во рацете на Карим Бензема. Аргентинецот како за утеха е најдобар стрелец во шпанскиот шампионат, но вели дека единствената титула на која е фокусиран е трофејот во Ла Лига.
„Осма титула најдобар стрелец? Искрено, не ни размислувам за тоа. Мојот фокус се тимските трофеи и би се израдувал ако ја освоиме Ла Лига. Полека напредуваме. Се мачевме на почетокот на првенството и не заслуживме да изгубиме толку многу бодови. Креираме шанси, но ефикасноста не ни е на потребното ниво. Ќе го помнам голот против Осасуна, му го посветив на покојниот Диего Марадона, сакав да му оддадам почит на легендарниот фудбалер“, изјави Лионел Меси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













