Лионел Меси планира да остане во европскиот фудбал до летото 2024 година, кога има намера да се пресели во Америка. „Скај Спортс“ ексклузивно објави дека Меси одлучил да остане барем уште една сезона во Европа и дека најверојатно потоа ќе прејде во Интер Мајами, со кој се поврзува веќе извесно време.
Меси ги „замрзнал“ сите можни преговори до јануари, односно до завршувањето на Светското првенство, по што ќе земе и заслужен мини-одмор.
Сепак, иако се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона, „Скај Спорт“ истакнува дека е многу поверојатно да потпише уште еден едногодишен договор со Пари Сен Жермен.
Парижаните веќе му кажаа на Меси дека сакаат тој да остане уште една сезона, кога ќе му истече актуелниот договор на лето, но официјалните преговори ќе започнат во 2023 година.
Самиот Меси призна дека се навикнал на животот во Париз, дека неговото семејство повеќе ужива во него отколку кога пристигнал, што е навестување дека навистина би можел да остане таму.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













