Барселона го совлада Атлетик Билбао со 2-1 и се искачи на втората позиција на табелата во Ла Лига со 40 бода. Идентичен број бодови има и Реал Мадрид, но каталонскиот гигант има подобра гол – разлика. Атлетико Мадрид сепак е далеку на врвот, има десет бода предност.
Лионел Меси со фантастично изведен слободен удар донесе водство за Барселона во 20.минута. Тимот на Роналд Куман имаше уште неколку убави шанси кои не ги искористи, па на почетокот на вториот дел Атлетик Билбао израмни со автоголот на Жорди Алба.
Сепак, Барселона не дозволи да испушти нови бодови на домашен терен. Антоан Гризман во 75.минута постигна победнички погодок за каталонскиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













