Аргентина се пласира во четвртфиналето на Светското првенство каде ќе ги одмери силите против Холандија. „Гаучосите“ ја победија Австралија со 2-1, која мора да се признае дека ги намачи во завршницата.
Лионел Меси во 35.минута постигна гол на својот голем јубилеј, илјадитиот натпревар во кариерата.
Хулијан Алварез во 57.минута зголеми на 2-0, откако ја искористи големата грешка на австралискиот голман Метју Рајан, кој дриблаше во петерецот, му ја одзема топката и ја погоди мрежата.
Сепак, Австралија играа храбро до крајот и во 77.минута намали на 2-1. Гудвин шутираше, а топката по блокот на Енцо Фернандез заврши во мрежата.
Аргентина имаше убави шанси за трет гол преку Лаутаро Мартинез и Лео Меси, но во финишот се закани и Австралија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













