
Актуелниот првак Струга Трим Лум в недела гостува во Тетово, во еден од решевачките мечеви за шампионската титула. Новиот тренер на тимот, Меритон Гега, верува дека стружани можат да слават на големото дерби.
„Како многу помлад тим од нашите ривали, можам да кажам дека имаме голема среќа што се бориме за освојување на големи трофеи. Резултатот ќе го одлучат малите детали, а ќе им кажам на играчите дека треба навистина да го зграпчат и да уживаат во моментот, бидејќи ова се натпревари кои треба да се икраат за победа. Имам целосна верба во моите фудбалери и убеден сум дека ќе го остават срцето на теренот за да докажат дека во модерниот фудбал не секогаш победуваат парите. Во Европа тоа најубаво го докажа Борусија Дортмунд пред неколку дена со елиминацијата на Пари Сен Жермен. Нека се случи ова и во Тетово, па потоа ќе размислуваме и за последното финале против Шкупи во Струга. Нека се повтори историјата уште еднаш“, вели Меритон Гега.
Тој го презема тимот по неочекуваните порази на Струга ТЛ од Силекс на домашен терен и од Тиквеш на гости.
„Точно е дека не бев во улога на главен тренер, но бев блиску до тимот во секое време, од почетокот на првенството. Можам да кажам дека играчите беа мотивирани, имаме одлична атмосфера во клубот по таа одлична сезона. Нашата порака како стручен штаб отсекогаш била дека мораме да се подобриме уште повеќе и да бидеме уште подобри од претходната сезона, кога се крунисавме за шампиони. И работите одеа така, до неколку недели пред крајот, сѐ додека двата последователни порази од Силекс и од Тиквеш негативно не се одразија на тимот, кој за среќа се опорави со триумф против Гостивар. Тој меч долго ќе го паметам, бидејќи јас дебитирав со победа, а ако успееме да направиме такво нешто во последните два меча од сезоната, без сомнение би бил најсреќниот човек“, истакнува новиот шеф на стручниот штаб на Струга ТЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа

Втора лига
Каланоски го засили второлигашот Охрид
