Шкендија е на „минус шест“ од лидерот Струга ТЛ, но сѐ уште се надева дека може да го освои шампионскиот трофеј со одличен финиш во првенството. За таков развој на настаните, на тимот на Јетон Беќири му се потребни победи до крајот на шампионатот, но и неколку „киксови“ на конкурентите за титулата, Струга ТЛ и Шкупи.
Шкендија се врати во победнички ритам со триумфот против Брегалница во минатото коло, па сега Зија Мерџани и соиграчите се надеваат дека ќе продолжат во ист стил и на дуелот против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.
„Атмосферата во тимот е одлична, се вративме во ритам минатата недела и сега сакаме да продолжиме со победи. Гостуваме во Ѓорче Петров, на противникот му гори под нозе и јасно е дека ќе сторат сѐ за да освојат бодови. Но, и ние ја имаме истата цел и ќе се потрудиме тоа да го реализираме на теренот“, изјави Зија Мерџани.
Лидерот Струга Трим Лум му гостува на Вардар на стадионот „Борис Трајковски“, а Шкупи оди на мегдан на Брегалница во Штип.
Воска Спорт е домаќин на Работнички, а во Кавадарци се среќаваат Тиквеш и Брера.
Вчера, Силекс и Гостивар во Кратово ремизираа без голови.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО (денеска, 15 часот)
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕРА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski