Вечерва се одржа церемонијата на доделување на наградите на ФИФА „The Best“. Роберт Левандовски е избран за најдобар играч на светот од капитените и селекторите на сите репрезентации.
Томас Тухел сосема заслужено е прогласен за најдобар тренер за 2021 година, откако ја освои Лигата на шампионите, а потоа следуваат Пеп Гвардиола и Роберто Манчини.
За најдобар голман беше избран Едуард Менди, кој навистина беше бедем на голот на Челзи. Но, она што е интересно, Менди не беше избран за голман во најдобриот тим во светот, бидејќи таму е – Донарума.
Исто така, тимот од најдобрите 11 играчи е составен во формација 3-3-4, бидејќи Меси и Роналдо мораа по секоја цена да бидат во нападот заедно со Левандовски и со Халанд.
Збунувачки е и тоа што Мохамед Салах е избран за трет најдобар играч зад Левандовски и Меси, а во најдобриот тим нема место за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













