Судот во Честер го одреди датумот за почеток на судењето на фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди.
На Французинот ќе му се суди на 24 јануари, а дотогаш ќе биде во затвор, одлучи судот. Менди побара да биде ослободен со кауција претходно овој месец, но судот го одби неговото барање.
На Менди ќе му се суди за четири силувања и еден сексуален напад. Според обвинението, Французинот силувал три различни девојки, од кои едната е на возраст под 18 години, а сите напади наводно се случиле во неговиот дом.
Четвртото силување, според обвинението, се случило минатиот месец, а заедно со 27-годишниот лев бек на Сити, уапсен е и 40-годишен маж, но тој бил ослободен со кауција.
Клубот го суспендираше Менди веднаш откако беше објавена веста дека е под истрага.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













