
Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство. Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.
– Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави – напиша девојката под видеото. Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед.
На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.
Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
