Натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Работнички и Силекс кој в недела (24. февруари) се игра на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе биде со коментар и на знаковен јазик на ТВ платформата на ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија ја продолжува успешната соработка со Националната спортска федерација на глуви на Македонија, па во таа насока одлучено е натпреварот меѓу Работнички и Силекс кој ќе се пренесува на првиот канал на http://tv.ffm.mk/ да биде и со коментар на знаковен јазик.
Натпреварот меѓу Работнички и Силекс в недела се игра со почеток од 14 часот. На ТВ платформата на ФФМ ќе бидат во живо пренесувани и сите останатите четири натпревари од 20. коло во ПМФЛ.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













