Connect with us

Мбапе стигна до 300 гола побрзо од Меси и од Роналдо

Ѕвездата на Франција и на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, стигна до 300 гола во кариерата. Напаѓачот постигна хет-трик во историската победа од 14-0 над Гибралтар во европските квалификации.


Неговиот трет гол на натпреварот во 82. минута беше вистинско ремек-дело откако го лобуваше голманот речиси од центарот на теренот, за неговиот 300. јубилеен гол.

Интересно е дека Мбапе успеа да дојде до оваа бројка на голови за пократко време од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, ниту еден од нив не успеа да постигне толку многу пред да наполни 25 години.

Тоа беше 46. гол за националниот тим на Мбапе, го престигна Антоан Гризман (44), а пред него се само Тиери Анри (51) и Оливие Жиру (56).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови